Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ информираше дека Меси има оток на чувствително место, Галтие ги смирува Аргентинците

Објавено

на

Непосредно пред да биде објавена листата на повикани фудбалери за утрешниот меч со Лориен, ПСЖ информираше дека Лионел Меси влегол во здравствениот билтен на тимот, а тоа предизвика и одредена паника кај аргентинските фудбалски фанови.

Меси како капитен треба да биде лидер на Аргентина на неговото последно Светско првенство, па стравот од повреда е се поголем како што се ближи почетокот на најголемиот турнир.

ПСЖ во своето соопштение посочи дека Меси нема да игра против Лориен како последица на воспаление и оток кој му се јавил во пределот на ахиловата тетива, додавајќи дека ќе одмора во наредните неколку дена и ќе се приклучи на тренинзите од следната седмица.

Оваа објава на клубот дојде пред официјалната прес-конференција која ја одржа тренерот Кристоф Галтие, кој го искористи своето обраќање за да ги смири Аргентинците.

– Меси ќе биде подготвен за следниот натпревар кој го играме, истото важи и за Кимпембе кој го завршува процесот на рехабилитација. Ќе го замениме Меси со Екитике и Сарабија, – изјави Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни