Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ играше без Јужноамериканците, но судијата го поттурна до трите бода (Видео)

Објавено

на

ПСЖ направи пресврт против Анжер и успеа да победи на дуелот од француското првенство со 2:1.

Гостите одиграа храбро во Париз и на полувреме водеа со 0:1 со голот на Фулжини, а фаворитот долго време се мачеше да стигне до израмнување.

Тоа му успеа со голот на дефанзивецот Данило во 69. минута, за клучниот момент да се случи во самиот финиш.

Главниот судија беше повикан од колегите во ВАР собата да прегледа една ситуација поради наводно играње со рака на дефанзивец на Анжер, по што тој ја прифати сугестијата дека имало ситуација за пенал, иако тешко ќе ги убеди неутралните и фановите на Анжер дека имало пенал.

Мбапе реализираше од белата точка, поставувајќи ги конечните 2:1, кои ПСЖ ги обезбеди без помош на интернационалците од Јужна Америка, но затоа беше „помилуван“ од главниот судија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни