Поврзете се со нас

Европски купови

Пролет го шокираше Гранолјерс и достоинствено го заврши настапот во Европа

Објавено

на

Ракометарите на Тинекс Пролет направија вистинска сензација и славеа над шпанскиот прволигаш Гранолјерс со 29-27 во вториот меч од квалификациите за Лига Европа.

Нашиот претставник во текот на вчерашниот ден загуби со дури 15 разлика (36-21), па многумина очекуваа Гранолјерс денеска ја оствари уште една рутинска, сигурна победа.

Меѓутоа така не сметаа избраниците на Бошковски кои одиграа машки, квалитетен, борбен дуел во кој играа максимално ангажирано низ сите 60 минути, а наградата за тоа е конечниот резултат.

Шпанците водеа по првиот дел со 14-12, но во вторите 30 минути Пролет го надигра ривалот и на најдобар можен начин, достоинствено го заврши настапот во Европа за оваа сезона.

Михаил Аларов одигра извонреден натпревар постигнувајќи седум гола од осум обиди, а по четири погодоци во овој голем триумф постигнааа Џонов, Палевски, Голубовиќ и Пецаковски. Листата на стрелци кај поразените ја предводеше Хосе Марија со 6 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни