Поврзете се со нас

Македонија

Прилеп парираше едно полувреме, па доживеа тежок пораз од Вардар

Објавено

на

Вардар продолжи да реди победи во домашното првенство и покрај тоа што настапува со половина сили, бидејќи разликата во квалитет се уште е огромна, без оглед на фактот што си заминаа неколку големи ѕвезди.

Македонскиот првак денеска гостуваше во Прилеп и со тој меч беше отворена саботната програма, па со исклучок на воведните 30 минути кога беше малку возбудливо, во вторите гледавме доминација на фаворитот.

Прилеп успеаваше да парира во првото полувреме и на пауза замина со негатива од 12:17, но во продолжение, домаќинот постигна само седум гола и претрпе тежок пораз.

Вардарци додадоа гас и на крајот славеше победа изразена со 15 голови разлика, триумф во кој најмногу се истакна повратникот во црвено-црниот табор.

Во победата од 19:34, осум гола беа дело на Дејан Манасков, шест постигна Филип Талески, а четири Јан Чувара. Во домашниот тим, од вкупно постигнати 19 гола, дури десет запиша Давор Шокоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни