Германија
Познато зошто Баерн Минхен се откажал од намерата да го ангажира Роналдо

Неколку угледни светски медиуми пред неколку денови објавија дека Кристијано Роналдо би можел кариерата да ја продолжи во тимот на Баерн Минхен.
Наводно, агентот на Роналдо, Жорге Мендеш го понудил својот клиент на Баерн Минхен затоа што Португалецот не бил задоволен од трансфер активностите на Манчестер Јунајтед и бил убеден дека клубот ќе биде уште полош во однос на своите конкуренти кои значително ги засилија своите редови.
Сепак, дека трансферот нема да се реализира потврди спортскиот директор на „баварците“, Хасан Салихамиџиќ кој истакна дека Роналдо е одличен фудбалер, но дека клубот нема да го ангажира ова лето.
Сега „Скај Спорт“ ги посочи и причините поради кои трансферот на Роналдо во Баерн не се реализирал.
Најголема пречка биле неговите примања, околу 30 милиони евра по сезона, а проблем претставувале и годините на Португалецот (37). Јулијан Нагелсман сакал играчи кои ќе играат пресинг и се подготвени да трчаат, нешто што Роналдо со своите години не би можел да го издржи.
За крај, челниците на Баерн заклучиле дека доаѓањето на Роналдо би можело да ја разниша атмосферата во соблекувалната, па затоа на крај било одлучено тој сепак да не доаѓа во тимот.
-
Пливањепред 23 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 24 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал