Поврзете се со нас

Италија

Познати сите детали, ПСЖ го добива потписот на Хакими

Објавено

на

Веќе нема дилеми, францускиот гигант ПСЖ ќе го обезбеди потписот на Ашраф Хакими кој ќе направи перманентен трансфер од редовите на Интер.

Целосен договор меѓу сите инволвирани страни бил постигнат доцна синоќа, а веќе биле закажани и медицинските прегледи кои треба да се извршат следната недела.

Хакими во следниве денови ќе потпише договор со ПСЖ кој ќе му трае до јуни 2026 година, а за неговиот трансфер Интер ќе добие 60 милиони евра плус десет милиони евра изразени во бонуси.

То значи дека италијанскиот клуб „дебело“ ќе го наплати заминувањето на Хакими кого пред само една година го платија 40 милиони евра.

Фабрицио Романо пренесува дека Челси никогаш не бил сериозен претендент за потписот на Мароканецот и дека не ни испратиле официјална понуда до Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни