Поврзете се со нас

АТП

Познати паровите меѓу најдобрите осум на Вимблдон: Надал е последниот патник во четвртфиналето (Фото)

Објавено

на

Рафаел Надал одигра онолку колку што му е потребно за да се најде меѓу осумте најдобри на Вимблдон, односно без големи проблеми се снајде во последното осминафинале на програмата во Лондон.

Шпанскиот тенисер и последен освојувач на Австралија Опен и Ролан Гарос е последниот четвртфиналист на годинешното издание на најпрестижниот грен слем турнир, откако со уверливо издание и со мали проблеми во третиот сет се справи со Ботик Ван Де Зандсхулп.

Холаѓанецот го снајде судбината на неговиот сонародник Ван Рајтховен кој вчера загуби од Ѓоковиќ, со тоа што тој не освои ниту еден сет, без оглед на тоа што пружи силен отпор во третиот.

Рафа беше рутинерски настроен и клучна разлика направи серијата од 5:0 на крајот од првиот и почетокот на вториот сет, па така Надал брзо имаше водство од 2:0 во сетови (6:4 и 6:2).

Третиот сет продолжи со доминација и Надал поведе со 5:2, но потоа малку се опушти и му дозволи на Ботик да се врати во игра. Холанѓанецот израмни на 5:5 и потоа се избори за тајбрејк, но иако спаси три врзани меч топки на Надал, сепак не можеше да спасува и четврта и загуби со 8:6.

Противник на Надал во четвртфиналето ќе биде Тејлор Фриц, но познати се и останатите три парови меѓу осумте најдобри. Ѓоковиќ ќе игра против Синер, Гофан против домашниот миленик Нори, а Кирјос ќе ги одмери силите со Гарин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни