Поврзете се со нас

Свет

Повторно прв стрелец: Костески го предводеше Плзен до нова победа во Чешка

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Никола Костески одигра уште еден квалитетен меч за Плзен во првата лига на Чешка.

Стружанецот одново беше прв стрелец и тоа против стариот муштерија Фридек-Мистек на кого во првата сезонска битка му даде 17 голови. Овојпат Костески не беше толку немилосрден, но неговите седум гола беа сосема доволни за да биде лидер во славјето од 31-26 (14-15).

Ова за Плзен беше 15 триумф во 16 натпревар и со вкупно 30 бода е на првото место на табелата.

Во наредното коло Никола и колегите ќе му гостуваат на составот на Нове Весели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни