Англија
Потер излезе со оценка за дебито на Фернандез во Премиер лигата

Грем Потер се соочува со се посериозен притисок како менаџер на Челси, не само поради резултатите, туку и поради фактот што газдата на клубот му обезбеди огромен број засилувања во зимскиот преоден рок.
Лондонскиот клуб донесе навистина голем број фудбалери во јануари и ќе биде потребно време за да се наредат коцките, па тоа го видовме и синоќа на локалното дерби против Фулам кое заврши со најнепопуларен резултат.
Во стартниот тим на Потер беа најзвучните засилувња Мудрик и Фернандез, а ако Украинецот доби ниска оценка и беше изваден на полувреме, Аргентинецот го одигра цел меч и покажа дека е во одличен натпреварувачки ритам.
Оценка за неговото деби даде и менаџерот, кој смета дека Аргентинецот допрва ќе се воигрува со тимот и ќе го покаже најдоброто лице за Челси.
– Оценката за неговото прво издание е многу добра. Ако се земе во предвид дека доаѓа од друга земја и тоа што не познава доволно како работиме, изгледаше навистина добро.
– Видовме блиц моменти од неговиот квалитет, видовме каков карактер поседува и ќе биде само подобар. Мислам дека одлично се справи на првиот меч и сите сме доста возбудени за тоа што го носи иднината, – изјави Потер.
-
Македонијапред 13 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 24 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 22 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 21 час
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Балканпред 19 часа
Херојска реакција: Мирчевски и четири соиграчи спречиле голема трагедија во Србија (Видео)