Поврзете се со нас

Свет

Португалија постигна четири гола, но сите зборуваат за катастрофалниот слободен удар на Кристијано (Видео)

Објавено

на

Португалската фудбалска репрезентација оствари убедлива победа на последната контролка пред Европското првенство, откако на домашен терен во Лисабон не му даде никаква шанса на Израел.

Селекторот Сантош до 60-та минута им даде шанса на играчите кои треба да бидат стартери и имаше водство од 2:0 со головите на Фернандеш и Роналдо, но потоа шанса им даде и на останатите играчи кои треба да прават разлика од втор план на континенталниот собир.

Искусниот стручњак направи шест измени, но и со изменет лик, Португалците постигнаа уште два гола во мрежата на Израелците. Кансело со одличен удар со левата нога погоди за 3:0, додека Бруно со својот втор гол ги постави конечните 4:0.

Сепак, од оваа средба најкоментирана е една ситуација од првото полувреме, кога резултатот се уште беше 0:0, а капитенот доби шанса да испрати незгоден шут од слободен удар.

Кристијано со години наназад се мачи со слободните удари и има катастрофална реализација, па со новиот ужасен обид против Израел брзо стана вирален хит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни