Англија
Поранешен играч на Интер: Не сум изненаден од потегот на Конте

Антонио Конте направи вистинско шоу на последната прес-конференција на Тотенхем и отвори голема дебата во Англија околу тоа дали претерал со своите зборови, истовремено засилувајќи ги шпекулациите дека ќе добие отказ од клубот.
Италијанецот ги критикуваше фудбалерите и раководството, а Ешли Јанг вели дека не е изненаден од однесувањето на искусниот тренер.
Јанг соработуваше со Конте во Интер и вели тренерот има таков карактер и со гестот испратил јасна порака до фудбалерите.
– Конте е таков каков што е, без разлика дали е во соблекувалната, покрај аут-линијата или на прес-конференција, знае да избувне лесно.
– Сака само да победува, тој е голем победник и тоа е причината што има успеси каде и да работи.
– Мислам дека неговата страст кон фудбалот го направи своето и по дуелот со Саутемптон им испрати порака на фудбалерите дека бара и очекува повеќе од нив, – изјавил Јанг.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 12 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)