Поврзете се со нас

Свет

Поповски најдобар против Криенс-Луцерн

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Македонското крило, Мартин Поповски имаше квалитетен меч против Криенс-Луцерн во полуфиналето на плејофот во првата швајцарска лига.

Поповски беше на навистисна високо ниво, беше најдобар поединец и стрелец во Амичитија Цирих со седум погодоци, меѓутоа му фалеше соодветна поддршка од играчите неговиот тим да избегне пораз на овој натпревар.

По израмнетото прво полувреме (13-13), домаќините се покажаа во подобро светло во вториот дел и триумфираа со резултат 29:26, а со тоа воедно поведоа со 1-0 во серијата. Најефикасен играч кај победникот беше Шипиќ со осум реализации од исто толку обиди.

Втората битка е закажана за 17 април и на истата Мартин и компанија ќе бидат домаќини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни