Поврзете се со нас

Македонија

Попов му обезбеди потпис на Младеновски во Шкупи

Објавено

на

Foto:facebook.com/goran.popov

Марио Младеновски се враќа во Првата македонската фудбалска лига и повторно ќе биде дел од нашето првенство, откако младиот стопер го засили актуелниот шампион.

Дефанзивецот кој има 21 година доаѓа од редовите на Ботев Пловдив и ќе се обиде да се наметне во тимот кој претрпе доста промени во последните неколку дена.

Пред да замине на интернационално искуство, Младеновски играше за Вардар, а минатата сезона беше дел од Македонија Ѓорче Петров како позајмен фудбалер.

Веста за договорот со Шкупи го потврди неговиот агент, поранешниот македонски репрезентативец, Горан Попов.

Некогашниот лев бек му честиташе на својот клиент за двегодишниот договор кој го потпиша со македонскиот првак, кој по елиминацијата од Европа, се раздели со тренерот Гоце Седлоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни