Поврзете се со нас

Европски првенства

Полска пронајде решение за Фарски Острови, прва победа за Грузија на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Фарски Острови е едно големо освежување на ова Европско првенство на кое во првото коло рамноправно се носеше со Словенија, потоа направи вистинска сензација и ремизираше со Норвешка, но вечерва не успеа да дојде до позитивен резултат во дуелот против Полска иако го имаше статусот на фаворит според обложувалниците.

Првиот дел заврши со нерешени 15-15, додека во вторите 30 минути Полјаците подобро се снајдоа и со 17:13 или вкупни 32:38 дојдоа до првото славје на шампионатот.

Чешка пак во групата Ф не дозволи изненадување и ја суреди Грција со 29:20, додека пак Грузија на надигра Босна и Херцеговина со 22-19.

Ова за Грузијците беше прво ЕП и воедно прва победа која бурно ја прославија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни