Поврзете се со нас

Светски првенства

Полска ја намачи Франција на отворањето на ракометниот мундијал

Објавено

на

Отворањето на Светското ракометно првенство во 2023-та година донесе неочекувано неизвесен натпревар за старт, бидејќи Франција едвај успеа да ја оправда фаворитската улога против Полска.

Еден од домаќините на турнирот успеа да ги намачи „триколорите“ и ги натераа добро да се испотат за првите три бода во групната фаза, бидејќи отпорот беше скршен дури на три минути пред крајот.

Франција направи предност од 25:22 и тоа се покажа како клучна разлика за победа, која на крајот беше остварена со резултат 26:24.

Полјаците имаа завршен обид да се вратат и да освојат барем бод, но немаа доволно време за такво нешто и мораа да се помират со достоен пораз од Французите.

Шичко со седум гола беше најдобар стрелец на теренот, додека Мем со шест гола беше лидер на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни