Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Покетино: Ова е вистински срам, не ми се верува дека се случува вакво нешто во 2022 година!

Објавено

на

ПСЖ комплетно се исклучи на „Сантијаго Бернабеу“ во последните 30 минути и едноставно не можеше да ја изнесе топката од својата половина, период од играта во кој ги фрли во вода сите претходни 150 минути во двете пресметки со Реал Мадрид.

„Светците“ имаа вкупна предност од 2:0 по еден час игра во Мадрид, но по првиот примен гол кој дојде по една сомнителна ситуација, гостите како да влегоа во „црна дупка“ од која не излегоа до крајот на средбата.

Бензема погоди за 1:1 и до крајот постигна уште два гола за 3:1 и комплетен пресврт, по кој разочарувањето не го криеше огорчениот Маурисио Покетино.

Тренерот на ПСЖ ги нападна судиите и луѓето во ВАР собата, бидејќи според него имало очигледен прекршок над Донарума од Бензема при првиот гол.

– Првиот гол на Реал Мадрид го менува текот на натпреварот. Се прашувам што правеа во ВАР собата. Ова е вистинска штета, кога ќе ја гледате акцијата повеќе пати, секогаш ќе дојдете до ист заклучок. Тоа е прекршок, после тоа гледавме друг меч. Доминиравме 60 минути, а нивниот гол промени се.

– Ова е вистински срам, невозможно е да не зборувам за таа голема грешка на судиите. Тешко е да се прифати ова, не можам да поверувам дека се случува во 2022-ра година, – изјавил бесниот Покетино за француски „Канал плус“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни