Поврзете се со нас

ВТА

Победнички старт на годината: Ѓорческа тргна одлично на турнирот во Талин

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен, победнички старт на годината и тоа на силниот фјучерс во Талин (Естонија).

Ѓорческа ја има улогата на трета носителка, а како таква во 1/16 финалната рунда се соочи со квалификантката Радка Зелницкова која ја совлада со 2-0 во сетови. Дуелот на теренот број два траеше точно 79 минута, првиот сет мина во доминација на Македонката со 6-2, додека во вториот беше понеизвесно со тоа што резултатот 6-4 беше доволен за потврда на триумфот.

Во следната рунда тетовката ќе се соочи со 28-годишната Андреа Лазаро Гарсија од Шпанија.

Овој турнир се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 американски долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни