Поврзете се со нас

Свет

По неколкудневен молк се огласи и Гуарин кој целиот крвав беше приведен од полицијата во Колумбија

Објавено

на

Фудбалската јавност остана во неверување од снимките ко пред неколку денови излегоа на социјалните мрежи, а на кои се гледаше поранешниот фудбалер на Интер, Фреди Гуарин е приведен од полицијата.

34 годишниот фудбалер на Милонариос беше приведен поради наводно семејно насилство, а сега по неколкудневен молк преку отворено писмо се реши да се огласи во јавноста.

– Сакам да изразам голема благодарност на моето семејство, пријателите, фановите, соиграчите, клубот и менаџментот за солидарноста и огромната поддршка поради мојата лична и семејна ситуација. По верзиите кои се појавија во јавноста за тоа што се случи, сакам да разјаснам дека тоа што се кажа не е точно.

– Барам почит за моето семејство, посебно за моите деца, кои не смеат да патат поради моите јавни дејствувања. Денеска се соочувам со еден од најтешките натпревари, но сигурен сум дека со Божја помош и оние кои веруваат и ме знаат, ќе победам. Ги ценам пораките за поддршка кои ми даваат надеж дека се ќе се среди, -напиша Гуарин во отвореното писмо до медиумите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни