Поврзете се со нас

Италија

Пирло: Јувентус се уште е во трка за Скудетото

Објавено

на

Составот на Јувентус веќе заостанува десет бода зад лидерот Интер во Серија А, но актуелниот шампион нема намера така лесно да се откаже од трката за титулата и најави борба до самиот крај.

Пред старата дама е средбата против Специја, а пред истата тренерот Андреа Пирло испрати јасна порака:

-Специја докажа дека е подготвена за Серија А, има одлично првенство. Тие постигнаа одлични резултати и против големите тимови. Ќе биде тежок натпревар. Тоа ќе биде важен натпревар за нас на кој мора да продолжиме да се бориме за Скудетото. Ќе мораме да одиграме интензивно од првата минута. Ги анализиравме направените грешки и ќе се обидеме да избегнеме да ги повториме, -рече Пирло и додаде:

-Не би рекол дека сме во трка за Скудетото ако не знаев дека и тимот истото тоа го мисли. Знам дека момците веруваат во тоа, тие тренираат добро и сакаат да ја освојат титулата, ова ме прави да се чувствувам пријатно, -заклучи Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни