Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: Ибра направи пресврт, но не е единствениот лидер во тимот

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ полека се подготвува за враќање на терените и се очекува да биде активен на почетокот на новата 2023-та година, што значи и голем плус за тренерот Стефано Пиоли кој изминативе две години изгради извонреден однос со Швеѓанецот.

Тренерот на Милан признава дека Златан ја променил цела структура и цело размислување во првиот тим на Милан со својот кам-бек на „Сан Сиро“, односно неговиот карактер се покажал како иницијална каписла за нешто големо.

Милан ја освои шампионската титула во Серија А минатата сезона, а Пиоли тврди дека Златан одиграл клучна улога во растењето на младата група.

– Без да се одземе били што од секој друг играч, Златан е тој кој е клучот за растот на овој тим. Тој дојде во многу млада група и за првпат беше дел од тим кој не знае да победува. Играчите не беа слични како него и се соочи со друга реалност.

– Сите играчи ги прифатија неговите предности и слабости. Неговиот менталитет и посветеноста направија да видиме раст во тимот. Едно е да се тренира со него, а сосема друго без него. Добро беше што сите играчи решија да го следат во тоа што го прави. Сепак, тој не е единствен лидер во нашиот тим, тука се Кјаер, Жиру и Мењон кои се движечка сила на овој тим, – вели Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни