Поврзете се со нас

Свет

Пешевски и Штутгарт го изненадија Магдебург

Објавено

на

Штутгарт на Жарко Пашевски направи големо изненадување и славеше на денешното гостување кај фаворизираниот Магдебург во Бундеслигата.

Гостите од Штутгарт важеа за апсолутни аутсајдери пред натпреварот, ама на теренот сликата беше поинаква особено во првото полувреме во кое едноставно го растурија Магдебург (18-12). Во вторите 30 минути домаќините се поправија, се заканија, ама тоа беше доволно само за минимален пораз од 30-29.

Кристјансон и Лон со по 9 голови беа лидери на Штутгарт, тим за кој нашиот репрезентативец Пешевски даде два гола од два обиди.

Вецлар на Филип Миркуловски пак загуби пред своите гледачи од Мелсунген со 33-25.

Штутгарт со 7 бода е на 8 место, Вецлар пак со 6 е на 10 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни