Поврзете се со нас

Италија

Перишиќ: Драго ми е што се вратив во Интер, очекувам позитивна година

Објавено

на

Хрватскиот интернационалец, Иван Перишиќ повторно е дел од Интер, односно се врати во старата средина по едногодишната позајмица во Баерн Минхен, клуб со кој ја освои тројната круна.

Баварците се одлучија да не ја активираат клаузѕлата за откуп на неговиот договор, па сега Перишиќ се врати во калчолигашот.

-Имав неверојатна година, бидејќи освоив три трофеи со одличен тим. Не беше лесно на почетокот, бидејќи имав неколку проблеми со првиот тренер, потоа повреда на зглобот во февруари, но и покрај сето тоа, излеговме од тешка ситуација и се освоивме.

-Беше позитивна година, сега се вратив и среќен сум. Имам уште две години на договорот со Интер и се надевам дека заедно можеме да направиме големи работи заедно. Подготвен сум, -истакна Перишиќ и притоа додаде:

-Знам дека тренерот сака да работи напорно. Ние сме на вистинскиот пат, видов многу глад во соблекувалната и сите запалени за работа. Лично очекувам позитивна година, јас ги гледав скоро сите натпревари што ги одиграа моите пријатели минатата сезона. Јас бев фан број еден на Интер, штета што дојдаа толку блиску, а не ги освоија сите натпреварувања,-заврши Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни