Поврзете се со нас

Англија

Пеп Гвардиола со изненадувачка трансфер желба, посакува фудбалер на Тотенхем

Објавено

на

Англиските медиуми јавуваат дека Манчестер Сити се интересира во своите редови да донесе фудбалер на Тотенхем.

„Сан“ пренесува дека Пеп Гвардиола му фрлил око на фудбалерот од средниот ред на клубот од Северен Лондн, Хари Винкс.

Винкс беше играч кој доби шанса од  Маурисио Покетино, а продолжи да игра и под водство на Жозе Мурињо.

Сепак, откако Португалецот го донесе Пјер  Емил Хојберг од Саутемптон стана јасно дека еден од играчите од средниот ред ќе мора да си замине со цел да се ослободат финансиски средства за ангажмна на нови фудбалери.

Манчестер Сити наводно бил подготвен да издвои максимум 40 милиони фунти за играчот кој минатата сезона собра 31 натпревар во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни