Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пенал рулетот за „кралевите“: Реал го детронизираше европскиот шампион Сити (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити нема да има шанса да го брани трофејот во Лигата на шампионите во самата завршница на актуелното натпреварување, откако вечерва загуби од Реал Мадрид во пенал рулетот откако вкупниот резултат по два одиграни натпревари беше 4:4.

Актуелниот европски првак е детронизиран од најуспешниот клуб во Лигата на шампионите, а во двомеч во кој одлучуваа нијанси и малку доза на среќа, на крајот поуспешни беа избраниците на Карло Анчелоти.

Реал очекувано му ја препушти топката на Сити и се закануваше од контра напади, па токму по една таква ситуација поведе со 0:1 со голот на Родриго.

Сити брзо се обиде да возврати преку Халанд ја погоди гредата, но за вистинските возбудувања пред голот на Лунин чекаше до второто полувреме, кога избраниците на Пеп Гвардиола фрлија се на една карта.

Голема живост во играта на Сити внесе Жереми Доку и по една негова акција топката заврши во мрежата на Реал, а стрелец на голот беше Кевин Де Брујне. Токму Белгиецот ја имаше топката за полуфинале на Манчестер Сити во следната опасна акција пред голот на Лунин, но Де Брујне ја испрати топката над голот и на крајот мечот заврши 1:1 во регуларниот дел.

Во дополнителните 30 минути игра, двата тима останаа без енергија и не гледавме опасни шанси, па на крајот решаваа ударите од 11 метри во кои поуспешни беа гостите. Иако пенал рулетот почна со гол на Алварез и нереализиран пенал на Модриќ, Бернардо Силва и Ковачиќ изведоа катастрофално во следните две серии, па со тоа му го трасираа патот на Реал до полуфиналето во кое силите ќе ги одмерат со Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни