Македонија
Пелистер со подобар финиш од ТФТ, ќе го предизвика МЗТ во финалето на плејофот

Пелистер втора година по ред избори финале во македонскиот кошаркарски плејоф и повторно ќе се обиде да стигне до трофејот во серија против МЗТ Скопје.
Битолскиот тим вечерва славеше на гостувањето кај ТФТ (82:84) и триумфираше во полуфиналната серија со 2:0, закажувајќи нова шампионска пресметка со актуелниот првак.
Пелистер добро го започна мечот, првиот период го заврши со плус седум, а на полувреме замина со предност од пет поени.
ТФТ се врати комплетно во натпреварот во продолжението, па двата тима влегоа во драматична завршница, во која сепак подобро се снајдоа гостите.
Карпентер со 20 и Маслинко со 23 поени го предводеа Пелистер до значајна победа, додека во редовите на ТФТ, Мекбраер се истакна со 17 поени.
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 13 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 14 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 12 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 10 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 17 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 8 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)