Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пелистер поднесе жалба до ЕХФ за судењето на мечот со ПИК Сегед

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Македонскиот ракоменет прволигаш, Еурофарм Пелистер испрати официјална жалба до ЕХФ за судењето на мечот против ПИК Сегед во Лигата на шампионите.

Клубот од Битола не е задоволен од арбитражата на судиите Карим и Рауф Гасми и го искористи правото да и се обрати на Европската ракометна федерација.

-РК Еурофарм Пелистер во склоп на својата транспарентна и отворена врска со своите приврзаници ја информира јавноста дека поднесе официјална жалба на арбитражата на француските судии Карим и Рауф Гасми на натпреварот од осмото коло од групата А на Лигата на шампионите против ПИК Сегед.

-Сметаме дека нашиот клуб не доби адекватен третман во текот на целиот натпревар, делењето на правдата не беше соодветно на степенот на натпреварувањето и одлуките на судиите директно влијаеја на конечниот резултат и финалниот исход. Клубот го искористи своето право да се обрати до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и неговата судиска организација и да побара одговорност од делителите на правдата. Оваа жалба е одговорност кон нашите професионалци во клубот, армијата навивачи на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет кој го претставуваме, -порачаа пелистерци.

Само за потсетување нашиот првак го загуби вчерашниот меч со 28:27 со гол во последните секунди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни