Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер договори уште еден Битолчанец за новата сезона

Објавено

на

Пелистер ќе се обиде експресно да се врати во Првата македонска фудбалска лига, а најдобар доказ за тоа е акцијата во која се впушти раководството на клубот кое денеска потврди уште едно засилување.

Нов член на тимот од Битола е Филип Миленковски кој доаѓа од редовите на Брегалница. Тој е уште еден повратник во клубот, роден Битолчанец како што се Благоја Љамчевски и Илче Петровски кои беа договорени и претставени пред неколку денови.

Со овие потези „зелено-белите“ покажуваат дека ангажираат играчи со прволигашко искуство, играчи кои добро знаат што значи да се биде дел од Пелистер и да се носи дресот на овој тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни