Поврзете се со нас

Евролига

Папапетру се посрамоти од линијата за слободни фрлања, Обрадовиќ не можеше да поверува што гледа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Жељко Обрадовиќ денеска наполни 63 години, но неговите играчи не успеаја да го израдуваат по повод роденденот кој го слави, бидејќи вечерва потклекнаа на гостувањето во Италија.

Милано ја прекина добрата серија на Партизан и успеа да го победи српскиот тим, кој и покрај поразот од 76:62 останува на местата кои водат во плејофот во Евролигата.

Партизан подобро го отвори мечот и ја доби првата четвртина со 19:13, но потоа застана и му дозволи на домаќинот да се разигра и да влезе во посакуван ритам.

Обрадовиќ мораше да се помири со пораз на својата роденденска вечер, но еден од неговите играчи му приреди и сцена на која не можеше да се изначуди.

Папапетру направи „бунар“ од линијата за слободни фрлања во третата четвртина, па славеникот Жељко во неверица го гледаше вториот обид на Гркот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни