Поврзете се со нас

Италија

Панучи не им верува на Спалети и Наполи: Сакам да видам што ќе направи…

Објавено

на

Наполи игра импресивно во оваа натпреварувачка кампања како во Серија А така и во Лигата на шампионите.

Наполитанците направија големи промени во играчкиот кадар, меѓутоа тоа не се почуствува и избраниците на Спалети „летаат“ и се на првите позиција во Италија и во својата група во елитното натпреварување.

До кога и дали ќе можат да го задржат ова темпо останува да видиме, а еден од оние кој не верува премногу во Наполи е Кристијан Панучи. Поранешниот италијански репрезентативец сака да види како Спалети како тренер ќе се снајде кога ќе дојдат потешки времиња, односно работите нема да функционираат како што е сега.

-Имаа одличен почеток и минатата сезона, и сакам да видам што ќе направи Спалети кога атмосферата ќе биде потешка. Спалети има искуство, имаше и други силни стартови во кариерата, ама на крајот одеднаш застануваше, -порача Панучи за шоуто „Пресинг“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни