Поврзете се со нас

Евролига

Пантер и Лесор го искоментираа убедливиот пораз на Црвена Звезда во Истанбул

Објавено

на

foto:twitter.com/PartizanBC

Црвена Звезда не само што не успеа да му помогне на големиот ривал Партизан во Евролигата, туку доживеа рекорд пораз на гостувањето кај Анадолу Ефес.

„Црвено-белите“ загубија со неочекувани 100:55 и на тој начин ја потврдија елиминацијата на Партизан и фактот дека Србија нема да има свој претставник во плејофот на европското елитно натпреварување.

Ваквиот епилог очекувано не им се допадна на членовите на белградскиот ривал, па дел од нив и го коментираа епилогот на социјалните мрежи.

Прв се јави Кевин Пантер, кој со кратко „Многу очигледно“ го искоментира според него очекуваното сценарио на натпреварот меѓу Ефес и Црвена Звезда.

Нешто подоцна, на својот поранешен соиграч се надоврзал и Матијас Лесор, кој од Партизан замина во редовите на Панатинаикос.

– Ова е смешно. Мамењето на играта никогаш не помага, бидејќи кармата е кучка,  – напишал Лесор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни