Поврзете се со нас

Светски првенства

Пандев ја испрати првата порака по уривањето на четирикратниот светски шампион (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев постигна уште еден историски гол во дресот на македонската фудбалска репрезентација, оној со кој се најави сензационалната победа над фудбалска велесила како што е Германија.

Македонските фудбалски херои кои пред неколку месеци не израдуваа со историскиот пласман на едно Европско првенство, вчеравечер ја шокираа Германија во Дуизбург и победија со 1:2, а Пандев како капитен на овој тим и предводник на оваа страшна генерација, испрати порака откако со соиграчите и стручниот штаб имаа ноќ за паметење.

Напаѓачот на Џенова уште пред натпреварот во Дуизбург нагласи дека во фудбалот се случуваат чуда, а неговата најава се претвори во реалност благодарение на храбрата игра и тимскиот дух.

– Во фудбалот некогаш се случуваат чуда…. Храбрите ги прати среќата….

– Со борба, верба, и срце на теренот, оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем РЕСПЕКТ, – порача Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни