Поврзете се со нас

Италија

Пандев има отворена понуда да остане во Италија: Сакаш да играш на ЕП? Тогаш…

Објавено

на

Капитенот на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Горан Пандев има отворена понуда да остане во Италија и тоа во таборот на сегашниот негов клуб Џенова.

Пандев многупати досега има кажано дека сака да ја заврши кариерата со настап со репрезентацијата на големо натпреварување, Европското првенство кое треба да се игра наредната година е добра можност за тоа, меѓутоа во исто време струмичанецот пред некое врема ја остави подотворена вратата да ги закачи копачките на клин по крајот на актуелнава кампања.

-На последната средба му кажав: Дали сакаш да играш на Европското првенство? Тогаш остану тука колку и да сакаш. Пандев е еден од најсериозните фудбалери со кои се имам сретнато. Јас сум многу приврзан кон него. Тој остава неизбришлив белег врз нас, -истакна претседателот на Џенова, Енрико Прециози.

Пандев во кампањата 2019/2020 игра одлично во Серија А и на вкупно 22 натпревари даде 7 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни