Поврзете се со нас

Македонија

Панчев: Документарецот е круна на мојата кариера

Објавено

на

„Патот на Кобра до ѕвездите“ е документарниот филм кој премиерно ќе биде емитуван во понеделник во хотелот Александар Палас, а по повод овој специјален настан, денеска официјална прес-конференција се одржа во Универзитетот Скопје.

Дарко Панчев ги собра своите најблиски соработници кои се погрижиле да се одработи филмскиот материјал, поради кои македонската фудбалска легенда сега ќе добие документарец кој тој го нарече како круна на својата кариера.

Неповторливиот македонски голгетер и поранешна „Златна копачка“ ќе го собере најпознатиот балкански фудбалски крем во понеделник, но денеска направи прва најава за документарецот кој го снимаа „Спорт Клуб“, направен во соработка со продукцијата „Спорт Нетворк“ и македонското спортско радио „90.3“.

– Идејата за филмот се роди пред две години, кога одредени спортски новинари искомунирицале меѓу себе и ми објаснија идеја за снимање мој филм. Од моја гледна точка, сметам дека филот ќе биде прилично добар, ќе има многу гости, разговори и ќе се потсетиме на незаборавни спомени. Сите кои ќе дојдат во понеделник, се надевам дека ќе бидат задоволни од тоа што ќе го водат.

– Убаво е да се остави нешто за паметење за младите генерации. Искрено, го немам гледано филмот досега, но во текот на снимањето се вративме во моето детство, се потсетив на многу работи. Горд сум на тоа што го остварив како Македонец во фудбалот и се надевам дека ќе послужи како пример. Се надевам дека од ова поднебје ќе се родат такви напаѓачи. Мило ми е на се што постигнав како Македонец во белградска Црвена Звезда, која тогаш беше меѓу најмоќните тимови во светот. Овој документарец е круна на мојата кариера, – порача Панчев при своето обраќање.

Емитувањето на документарецот во понеделник всушност ќе биде вовед на серијата која е посветена на Дарко Панчев, а која треба да биде емитувана на Спорт Клуб од месец септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни