Европски првенства
Откачена завршница во Келн: Бркотница на теренот и победа на Германија против Исланд (Видео)
Германија како домаќин на Европското првенство има голема предност благодарение на огромната поддршка од публиката, а тоа вечерва беше клучно во тесниот дуел со Исланд.
Организаторот на шампионатот немаше воопшто лесна задача и налета на „цврст орев“ како што и секогаш е ситуација со Исланд, но сепак „рибарите“ не успеаја да ги разочараат домашните навивачи.
Првото полувреме беше одбележано од страшната игра во одбраната на двете страни и Германија замина на пауза со предност од само еден гол (11:10), но во вторите 30 минути се играше многу поефикасно во нападот.
Исланд беше во игра до самиот финиш на мечот и го загуби мечот дури во последните секунди, кога Германците во бркотницата на теренот погодија за плус два преку Костнер и конечни 26:24.
Кнор со 6 погодоци беше најефикасен во победничкиот тим, но клучен за победата беше и голманот Волф кој одбрани два пенали во низа во последните минути.
😱 𝐈𝐍𝐒𝐀𝐍𝐄 last seconds between 🇩🇪 vs. 🇮🇸#ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/AW8cd6xUWU
— EHF EURO (@EHFEURO) January 18, 2024
-
Балкан17 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Англија24 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Италија20 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет20 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација19 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет18 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија17 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан14 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)