Поврзете се со нас

Италија

Ослабената Џенова освои важен бод во Верона

Објавено

на

Горан Пандев беше стартер и одигра голем дел од натпреварот за Џенова, која успеа да освои бод на гостувањето кај Верона (0:0).

Џенова имаше многу проблеми во пресрет на оваа средба, откако и натаму има голем број играчи кои се или беа заразени со коронавирусот, па не беа во конкуренција за ова гостување.

Пандев и неговите соиграчи сепак одиграа храбро и успеаја да ги блокираат нападите на секогаш опасната Верона, за на крајот да освојат бод, со кој сигурно ќе бидат задоволни.

Нашиот репрезентативец настапи до 79. минута кога беше заменет од Париџини, а Пандев претходно го заработи и вториот жолт картон сезонава.

По три одиграни натпревари, Џенова има 4 бодови, додека Верона има натпревар повеќе и три бода повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни