Поврзете се со нас

Свет

Ончев и Лазаревски го претрпеа првиот пораз во Словенија (ВИДЕО)

Објавено

на

Тримо Требње на македонските интернационалци Тоше Ончев и Милан Лазаревски го претрпе првиот пораз во натпреварувачката 2021/2022 во првата лига на Словенија.

Четата на Урош Зорман на драматичен начин со пенал во последните секунди загуби од Јерузалем Ормож со 27-26 и на тој начин направи голем чекор наназад во борбата за пехарот со првопласираниот Целје.

Ончев и Лазаревски не се прославија на овој натпревар и дадоа по еден гол, нивен најдобар соиграч беше Хорват со шест погодоци, исто толку кај победниците дадоа Журан и Чировиќ.

Требње има 31 бод или осум помалку од лидерот Целје. Во следната рунда ќе го пречека составот на Слован.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни