Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите по голема борба загубија од Романија

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе првиот пораз во овогодинешното издание на Европската сребрена лига и тоа на гостувањето во Романија каде загубивме со 3-2 во сетови.

Нашиот национален тим максимално се бореше, даваше се од себе против фаворизираниот домаќин кој по првите два сета имаше предност од 2-0 (25-22, 25-17). Избраниците на Ратко Павличевиќ покажаа карактер, знаење во продолжението, па со 25-23 намалија на 2-1 во сетови за да во четвртиот со уште подобра игра (25-19) го израмнат резултатот.

Водени од таа енергија водевме со 8-6 во решавачкиот, ама тука некако како да застанавме, домашниот тим во Галаци беше пофокусиран, сконцетриран и го сврте резултатот во своја полза за конечна победа од 15-13.

Капитенот Ѓоргиев со 27 поени беше најдобар наш поединец, Савовски и Маџунков додадоа по 10 поени.

Следната средба ја играме на домашен терен против Албанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни