Поврзете се со нас

Балкан

Обрадовиќ е крал во Европа: Противничкиот тренер му се поклони и му ја бакна раката (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Партизан ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, а како дел од истите е и силниот турнир во Грција каде вчера се гледаше интересен меч против Анадолу Ефес.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ загубија со 81:79 во контроверзни услови во самата завршница, но сепак момент на мечот беше оној од пред самиот старт.

Обрадовиќ е неизмерно ценет на сите страни ширум светот поради она што го направи за европската кошарка, а доказ за тоа е и потегот на неговиот ученик од минатото, Ердем Џан.

Тренерот на Анадолу беше помошник на Жељко во Фенербахче, па сега го пречека својот учител како вистински крал, односно му ја бакна раката и му се поклони пред средбата.

Тоа изнуди насмевка кај Обрадовиќ, кој по крајот на мечот не беше така расположен и имаше сериозни забелешки за судиите што не досудија фаул во последната акција за Партизан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни