Поврзете се со нас

Свет

Нуњез со убав гест му даде поддршка на повредениот Араухо (ВИДЕО)

Објавено

на

Роналд Араухо некое време ќе биде надвор од фудбалските терени откако се повреди на пријателскиот меч против Иран.

Повредата не е наивна и тој мораше да заврши на операција која денеска ќе биде извршена во Финска, одлука која најверојатно ќе значи дека ќе мора да го пропушти Светското првенство во Катар. Уругвајците на чело со селекторот Диего Алонсо порачаа дека ќе го чекаат дефанзивецот до самиот крај, но навистина е тешко тоа сценарио играчот на Барса да биде дел пд престојниот мундијал.

Селекцијата на Уругвај вчера играше пријателски меч против Канада (2-0), а во пресрет на истиот напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез направи еден убав потег, гест и му даде поддршка со Араухо држејќи го дресот со број четири на сонародникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни