Поврзете се со нас

Формула 1

Нова пол-позиција за Ферстапен, двоецот на Ферари е веднаш зад него

Објавено

на

foto:twitter.com/BleacherReport

Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен дојде до уште една пол позиција во оваа сезона, овојпат за трката за Големата награда на Австрија.

Возачот на Ред Бул беше најбрз во квалификациите и во недела ќе стратува од првото место. Добар настап имаа возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц кои се најдоа на втората и третата позиција, а место во вториот ред имаше и за Ландо Норис од Мекларен.

Во топ 10 се уште Хамилтон, Строл, Алонсо, Хулкенберг, Гасли и Албон, додека најголемо разочарување е Перез кој е дури на 15 место.

Утре пак ќе се вози спринт трката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни