Поврзете се со нас

Свет

Нова глупост на првенството во Африка: Утната химната на Мавританија, играчите натерани да ја пеат сами (Видео)

Објавено

на

Нов негативен момент во текот на денешниот ден се случи на африканскиот Куп на нациите кој оваа година се игра во Камерун.

На натпреварот помеѓу Гамбија и Мавританија, организаторот на два пати ја погреши химната на Мавританија.

Потоа од фудбалерите на оваа земја беше побарано сами да си ја испеат химната без да оди „матрицата“, нешто  што било одбиено од играчите.

Капитенот на Мавританија, Абубакар Камара одби да ги собере играчите да ја испеат химната „на суво“, а по неколкуминутно натегање натпреварот започна.

На крај Гамбија славеше со 1:0 во натпревар кој беше нешто помалку контроверзен од неговиот претходник, кога на средбата помеѓу Мали и Тунис беше виден невиден хаос откако главниот судија, Јани Сиказве на два пати судеше крај на средбата иако не беа поминати 90 минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни