Поврзете се со нас

Франција

Нов удар за Галтие: Меси неизвесен за осминафиналето со Баерн Минхен (Фото)

Објавено

на

Килијан Мбапе е во аут за првиот натпревар против Баерн Минхен кој се игра наредниот вторник во Лигата на шампионите, но на неколку дена пред оваа осминафиналната пресметка, лоши вести пристигнуваат и за Лионел Меси.

Кристоф Галтие може да остане и без втората голема ѕвезда за првиот осминафинален меч кој се игра на „Паркот на принцовите“, откако лекарскиот тим на ПСЖ денеска утврдил повреда на местото на кое се жалел Аргентинецот.

Како што јавува „Лекип“, Меси заработил повреда на задната ложа на вчерашниот Куп натпревар против Марсеј на „Велодром“, со тоа што во завршните минути останал на теренот и покрај тоа што чувствувал потешкотии.

Изворот на угледниит весник тврди дека Меси со сигурност го пропушта дербито против Монако кое се игра претстојниот викенд, но е крајно неизвесен и за првиот од двата натпревари против Баерн.

Оваа ексклузива на „Лекип“ многу брзо ја потврди и „Радио Монте Карло“, што во превод значи дека Баерн би добил огромно олеснување доколку двете ѕвезди навистина не се појават на теренот на првиот меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни