Поврзете се со нас

Англија

Нов клуб со сериозен интерес за ангажман на Пол Погба

Објавено

на

Францускиот интернационалец и член на Манчестер Јунајтед, Пол Погба и дефинитивно ќе си оди од „Олд Трафорд“ по крајот на оваа сезона.

Погба во последно време се почесто добива шанса од Оле Гунар Солскјер и на професионален начин ја одработува својата задача, но сепак на крајот на сезоната ќе влезе во потрага по нов клуб.

„Дејли Стар“ пишува дека по преземањето на ПСЖ, Маурисио Покетино доставил листа на трансфер желби до управата, а наводно на истата се наоѓа и Пол Погба.

За Погба досега најзагреан беше Јувентус, а интересот на ПСЖ извесен период беше „оладен“ затоа што Томас Тухел не сакаше да го ангажира фудбалерот од средниот ред.

Сега кога пристигна нов тренер на „Паркот на принцовите“ повторно во опција е трансфер на Погба во главниот град на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни