Поврзете се со нас

Формула 1

Нов и неемитуван момент: Фетел и Биното „го расипаа“ радиото! (ВИДЕО)

Објавено

на

Себастијан Фетел имаше тежок викенд за време на Големата награда на Велика Британија, континуирано жалејќи се на перформансите или карактеристиките на болидот подготвен од „ергелата“ во Маранело.

За разлика од него, Леклер имаше за нијанса полесна задача, етаблирајќи го неговиот болид како трет најбрз, зад Мерцедес и Ред Бул, а сепак незагрозен од Мекларен и другите. Со оглед на фактот што Ферари му го раскина договорот на Фетел за во иднина, неговата позиција беше спомната од Хелмут Марко, кој јавно запраша што е разликата во болидите меѓу двајцата возачи.

Италијаните немаат посочено дека на Леклер му понудиле понова верзија или помоќен болид, но шпекулациите се уште се актуелни. Забележително беше што по трката, на радио врската на Ферари се јави тимскиот шеф, Матија Биното, а Фетел имаше долга сесија на молчење, по што неговиот инженер го запраша дали му е радиото во ред.

– Здраво Себ, Матија е! Ова беше тежок викенд, но се враќаме тука за седум дена и ќе бидеме подобри,- рече Биното од своја страна.

Откако конечно се вклучи во врската, Фетел одговори дури откако инженерот го повика да ја провери врската.

– Да, навистина имавме тежок викенд. Имав многу, многу мала доверба во возилото. Слично како во квалификациите, имав проблеми од круг во круг. Пробував многу нешта, н ниту едно не донесе продор. Честитки за другата страна (на гаражата) , честитки за Шарл… и добар пит стоп дечки,- рече Фетел.

Идниот викенд Формула 1 повторно се вози на Силеврстоун, но возачите ќе имаат други пневматици на располагање, кои ќе бидат за нијанса помеки.

 

 

 

View this post on Instagram

 

“A tough race” for Seb on Sunday 🎧 . #F1 #Formula1 #BritishGP #SebastianVettel #ScuderiaFerrari

A post shared by FORMULA 1® (@f1) on

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни