Поврзете се со нас

Свет

Нов голем трансфер: И Ландин се договори со Алборг!

Објавено

на

Уште едно големо и познато име се сели во редовите на данскиот прволигаш Албог, а тоа е голманот Никлас Ландин Јакобсен.

Еден од најдобрите светски голмани, ако не и најдобар прифатил да се врати дома во својата татковина и од 2023 до 2027 година ќе биде дел од составот на Алборг.

-Имав фантастични години во Германија, но неодамна имав некои семејни предизвици кои најдобро ќе се решат со враќање дома во Данска. Во исто време, јас продолжувам да имам големи спортски амбиции, па Алборг беше совршене комбинација, -порача Ландин кој од 2015 година го чува голот на Кил.

Претходно амбициозниот Алборг го обезбеди Арон Палмарсон, а во блиска иднина ако се биде како што треба тука ќе игра и Микел Хансен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни