Поврзете се со нас

Европски првенства

Норвешка со пресврт до прво славје во втората фаза

Објавено

на

Ракометарите на Норвешка ја забележаа првата победа во втората фаза на Европското првенство и тоа во дуелот со Холандија кој го решија со резултат 35:32.

Норвежаните и на овој дуел во Хамбург покажаа слабости, ама пронајдоа начин да го оправдаат статусот на фаворити, а со тоа воедно ги задржаа шансите за висок пласман на шампионатот.

Холандија беше подобра во првите 30 минути и со плус два замина на пауза (18-16), меѓутоа „лалињата“ нешто слично како и во дуелот со Данска подзастанаа во вториот дел, противникот тоа знаеше да го искористи и ги совлада.

Гулеруд со седум голови ја предводеше победничаката репрезентација, Тен Велде пак со осум погодоци беше најефикасен на другата страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни