Поврзете се со нас

Светски првенства

Нокаут со топка: Уругвајски пикер го патосираше Фирнхабер (Видео)

Објавено

на

Германија имаше убедлив почеток на Светското ракометно првенство во Египет, победувајќи го Уругвај со резултат 43:14.

Фаворитот покажа дека располага со потенцијал и состав со кој може да конкурира за медал, а денешниот дуел беше само загревање пред посериозните обврски во групата, во која се уште и Унгарија и Зеленортските острови.

Уругвајците не можеа да очекуваат нешто повеќе од оваа средба, а барем еден германски репрезентативец ќе го памети натпреварот против јужноамериканскиот ривал до крајот на животот.

Се работи за Себастијан Фирнхабер кој заработи удар со топка во глава, во ситуација кога најмалку очекуваше такво нешто и во ситуација кога пикерот Мендез требаше да реализира на празен гол.

Фирнхабер мораше да оди на клупа за да биде спречено крварењето кое беше предизвикано од силниот удар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни