Поврзете се со нас

Свет

Нивото на првата португалска лига прикажано во едно видео: Голот на Табата ја засрами цела јавност

Објавено

на

Со исклучок на неколкуте фудбалски великани од Португалија, фудбалското првенство во оваа земја важи за едно од понеквалитетните каде се игра елитен фудбал, а најдобар доказ за тоа добивме оваа вечер во средбата која ја играат Портимоненсе и Маритимо.

Домашниот тим води грчевита борба за опстанок во првата фудбалска лига, но начинот на кој Портимоненсе го постигна голот за водство едноставно не доликува на лига во која се игра провкласен фудбал.

Стрелец на голот беше напаѓачот Табата, кој успеа да ја претвори во гол акцијата која едноставно е фудбалски пандан за аматерска лига, а не за прва лига како португалската Примеира.

Додавањето беше кастастрофално, реакцијата на стоперот на Портимоненсе ужасна, но убедливо најлоша беше реакцијата на голманот кој му овозможи на противникот да стигне до топката и да постигне гол.

На крајот Табата се запиша во листата на стрелците, но овој гол донесе доста негативни коментари за нивото на квалитет кое владее во португалскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни