Поврзете се со нас

Европски првенства

Непријатна ситуација за Дешамп, останал заклучен на покривот во хотелот во Букурешт (Видео)

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидие Дешамп се нашол во крајно непријатна ситуација по пристигнувањето во Букурешт.

Имено, Дешамп останал заклучен на терасата која била на покривот на хотелот во Букурешт во кој е сместена француската репрезентација. Селекторот на „триколорите“ ја забравил картичката за отварање на вратата, па останал заглавен на покривот.

Помош Дешамп побарал од случајните минувачи на кои им довикнал да му помогнат, а откако тие пријавиле на рецепција целата работа била завршена. Некој од минувачите, очигледо го препознал францускиот селектор па направил и кратка видео снимка од моментот во кој тој бара помош.

Франција заврши прва во групата на смртта со пет освоени бодови, па за противник во осминафиналето ја доби селекцијата на Швајцарија со која ќе се сретне утре на националниот стадион во Букурешт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни