Поврзете се со нас

Репрезентација

Неполн ден по мечот со Ерменија: Ристовски објави дека е Ковид позитивен (Фото)

Објавено

на

Стефан Ристовски се пожали на проблеми и не го доигра вчерашниот меч против Ерменија во Никозија, а денеска самиот тој преку социјалните мрежи откри дека извесно време ќе мора да мине во изолација, откако тој и целото негово семејство се позитивни на Ковид 19.

Неполни 24 часа по средбата која македонската фудбалска селекција ја одигра на Кипар, репрезентативниот бек самиот се пријави како позитивен случај во јавноста, потврдувајќи дека успеал да се зарази за време на овие три меча кои ги одигра во краток временски интервал.

Ристовски беше стартер на натпреварите против Грузија, Естонија и Ерменија, па во ситуација кога и не добива никаква шанса од тренерот на Спортинг Лисабон, ќе мора да мине период на изолација во домашна атмосфера.

– Ковид позитивно семејство…. Ќе продолжиме да се бориме и ќе се вратиме посилни. Останете сигурни и здрави, – порача Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни